Багдад: Ненадејна посета на британскиот премиер Тони Блер

Британскиот премиер Тони Блер допатува денеска во ненадејна посета на Багдад. Новинските агенции го толковуваат ваквииот чекор на Блер како знак на поддршка на официјален Лондон на новата ирачка влада. Блер е првиот лидер од светот кој престојува во Ирак од формирањето на новата влада во таа земја. Ирачкиот премиер Нури Камил ал Малики вчера изјави дека неговиот кабинет е решен да ги употреби сите сили во борбата против тероризмот во Ирак.