Брисел: Посета на Митрева и Манасиевски

Министрите за надворешни работи и за одбрана Илинка Митрева и Јован Манасиевски денеска во Брисел ќе го информираат НАТО за имплементирањето на активностите од Годишната национална програма за подготовките на Македонија за зачленување во Алијансата. Покрај состанокот со Северноатлантскиот совет, двајцата министри, како што е планирано ќе имаат и одвоени средби со генералниот секретар Јап де Хоп Схефер и со американскиот и британскиот амбасадор во НАТО Викторија Нуланд и Питер Рикетс.