Багдад: 19 лица загинаа, а 58 ранети во експлозија на бомба

Во експлозија на бомба во шиитски кварт во Багдад загинаа 19, а беа ранети 58 лица.Во близина на сириската граница пак бомбаш самоубиец уби 5 полициајци и рание десет други. Експлозиите, како што јавуваат агенциите, се случуваат пред гласањето за доверба на новата ирачка влада на национално единство предводена од шиитите во Парламент чија седница почна пред малку.