Њујорк: Комитетот против тортурата на ОН препорачува затворање на затворот Гвантанамо

Комитетот на Обединетите нации против тортурата им порача на Соединетите Држави да го затворат затворскиот комплекс во заливот Гвантанамо на Куба. Комитетот оцени дека американските тајни затвори претставуваат кршење на меѓународното право. Препораките на Комиетот немаат никакво обврзувачко дејство.