Сао Паоло: Затворските бунтови се под контрола

Бунтовите во повеќе од седумдесет затвори во бразилската сојузна држава Сао Паоло се под контрола, соопштија властите, додавајќи дека притоа биле ослободени над двесте заложници. Во неколкудневните немири загинаа осумдесетина луѓе.