Сао Паоло: Над 50 загинати во организираниот бран напади врз полициски станици

Во Бразил во изминативе три дена над пеесетина луѓе загинале во организираниот бран на напади на криминални банди врз полициски станици. Властите во Сао Паоло соопштија дека во стотината напади загинале над триесет полицајци и петнаесетина криминалци. Агенциите јавуваат дека во исто време имало и бунтови во пеест затвори во државата. Бранот насилства дојде откако полицијата решила да пресели стотици луѓе од еден во друг затвор.