Вашингтон: Обраќање на Џорџ Буш до нацијата

Американскиот претседател Џорџ Буш се очекува во денешното телевизиско обраќање да ја обелодени одлуката за распоредување на илјадници припадници на националните безбедносни сили на границата меѓу Соединетите Држави и Мексико. Мексиканскиот претседател Висенте Фокс во вчерашниот телефонски разговор со Буш, како што е соопштено, ја изразил загриженоста од ваквиот потег кој, според Вашингтон, би требало да помогне во запирањето на мексиканските имигранти да влегуваат на американска територија.