Багдад: Најмалку 25 загинати во серија напади

Во денешната серија напади во Багдад загинаа најмалку 25 лица додека над 60 се повредени. Во неколку експлозии на бомби што одекнаа во багдадската централна улица загинаа петмина цивили,додека во самоубиствен бомбашки напад чија цел бил американски конвој во близина на багдадскиот аеродром загинале десетици лица. Британската војска соопшти дека двајца нејзини војници серизно биле повредени во екплозија на бомба во јужниот дел на Ирак.