Техеран: Ахмадинеџад отфрли договор за стопирање на нуклеарната програма

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад отфрли било каков договор за стопирање на нуклеарната програма, за која таа земја тврди дека е со мирољубиви цели . По неговото вракање од педневниот престој во Индонезија, во Техеран тој ги обвини западните земји дека верувале оти Иран сеуште живее во колонијална ера.