Индонезија: Тревога поради можна ерупција на вулканот Мерапи

Индонезија ја подигна на највисоко ниво состојбата на тревога, поради можната ерупција на вулканот Мерапи, кој веќе неколку недели испушта црн чад и лава. Многу луѓе што живеат во околината веќе се евакуирани. Мерапи е еден од 129-те активни вулкани во Индонезија.