Скопје: Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцевина Аднан Терзиќ, во Македонија

Претседавачот на Советот на министрите на Босна и Херцеговина Аднан Терзиќ денеска ќе престојува во работна посета на Македонија по покана од премиерот Владо Бучковски. Синоќа министерот за одбрана Јован Манасиевски соопшти дека седуманесет македонски војници од јули годинава ќе учествуваат во мировната мисија во Босна.