Казахстан: Посета на американскиот потпретседател Дик Чејни

Американскиот потпретседател Дик Чејни денеска е во Казахстан, каде што ќе разговара со претседателот Нурсултан Назарбаев. Главна тема е енергетската соработка. Во меѓувреме, Русија ја отфрли оценката на Чејни, искажана вчера во Вилнус, дека Москва го користи снабдувањето со енергија за вршење политички притисок врз соседните земји.