Виена: Завршна расправа за новите општини на Косово

Во Виена е во тек завршната расправа за формирањето на новите општини на Косово, со што ќе бидат окончани директните преговори меѓу Белград и Приштина за децентрализацијата на покраината. Српската делегација вчера предложи формирање 10 општини , додека косовската само две нови со српско мнозинство. За 23-ти мај е закажана нова рунда преговори, посветена на заштитата на културното наследство, имотните права, економијата и други прашања, по што, во јули, како што се очекува, треба да започнат преговорите и за статусот на Косово.