Вашингтон: Џорџ Буш побара Иран да се откаже од амбициите за нуклеарно оружје

Американскиот претседател Џорџ Буш побара Иран да се откаже од амбициите за нуклеарно оружје заради светскиот мир. Буш ова го рече по синоќешната средба во Вашингтон со германскиот канцелар Ангела Меркел. Тие, како што изјавија, постигнале согласност околу потребата од заедничка акција на меѓународната заедница во напорите за спречувањето на Техеран да дојде до нуклеарно оружје.