Вирџинија: Закариас Мусауи осуден на доживотен затвор

Обвинетиот за соочесништво за терористичките напади врз Соединетите Држави на единаесетти септември две илјади и првата Закариас Мусауи е осуден на доживотен затвор. Пресудата ја донесе сојузната пората на судот во Вирџинија. Процесот траеше четири години, а обвинителството бараше смртна казна за Мусауи.