Њујорк: Слика од Пикасо продадена за повеќе од 95 милиони долари

Портретот ,,Дора Маар со мачка,, на Пабло Пикасо синоќа на аукција во Њујорк беше продадена за над деведесет и пет милиони долари. Оваа слика Пикасо ја насликал во Париз во илјада деветстотини четириесет и првата година кога градот бил окупиран од нацистичка Германија. Пред две години една слика на Пикасо беше продадена за сто и четири милиони долари.