Тибет: Намалување на глечерите во Тибет

Глечерите што го покриваат кинескиот дел на Тибет се намалуваат за по седум проценти годишно. Според кинеските научници, тоа било последица на глобалното затоплување на Земјата. Доколку ваквиот процес продолжи тогаш Тибетската висорамнина би се претворала во пустина, додаваат експертите.