Сочи: 113 патници загинаа во авионска несреќа

Во близина на рускиот брег на Црно море изутрина се урна ерменски патнички авион во кој, според последните информации, загинале сите сто и тринаесет патници и членови на екипажот. Руското министерство за кризни ситуации соопшти дека најверојатно авионот од типот Ербас триста и давесет се урнал поради лошото време. До несреќата дојде при слетувањето на аеродромот Адлер во близина на руското летувалиште Сочи.