Вашингтон: Критики за Кина и Русија во годишниот извештај за трговија

Американската влада го објави годишниот извештај за трговијата, во кој се критикуваат Кина и Русија за масовна пиратерија на американски производи. Во извештајот се наведени 13 држави во кои е најраширена пиратеријата, меѓу кои се и Украина, Израел, Либан, Турција и Венецуела.