Пекинг: Кина повика на воздржаност во врска со Иран

Кина денеска побара воздржаност од сите страни во иранската нуклеарна криза со цел да не се влошува ситуацијата. Кризата е влезена во клучна фаза и дипломатското решение е најдобра солуција за сите страни, оцени официјален Пекинг чиј повик доаѓа еден ден пред истекот на ултиматумот на Советот за Безбедност на Обединетите Нации за запирање на активностите на Техеран за збогатување на ураниумот. Според иранскиот претседател Ахмадинеџад ултиматумот е нелегитимен.