Свет: Загриженост од можен напад на САД врз Иран

Група поранешни министри за надворешни работи од Европа и Северна Америка изразија загриженост поради информациите дека Соединетите Држави можеби планираат воен напад врз иранските нуклеарни постројки. Во отвореното писмо, објавено во весникот Интернешнл Херлад Трибјун, тие ја повикуваат американската администрација да започне директни преговори со Иран за надминување на кризата.