Поддршка на новата ирачка влада

Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд денеска ненајавено го посети Багдад, со цел да и искаже подршка на новата ирачка влада. Претходно, преку снимена видео порака, лидерот на Ал Каеда за Ирак, Абу Мусаб Ал Заркави, ја оцени новата ирачка влада како марионетска и најави нови терористички напади.
Доналд Рамсфелд во Баград се состана со командантот на американските сили во Ирак, генерал Џорџ Кејси, при што, меѓу другото е разговарано и за можната редукција на американските војници во таа земја.

„Сега се движиме кон нова важна пресвртница, формирање на ирачка влада, која не е привремена или преодна, туку суверена влада на Ирак, што е голем прогрес.“

Генерал Кејси, по разговорите оцени дека изборот на новите лидери на ирачката влада е голем чекор напред кон создавањето услови за заминување на извесен број американски војници од Ирак. До постетата на Рамсфелд на Ирак доаѓа откако за нов ирачки премиер беше избран Џавад Ал Малики, кој повика на разоружување на сите милитани, оценувајки дека тие можат да ја турнат земјата во граѓанска војна. Малики ги повика шиитите, курдите и сунитите да се обединат против самоубиствените напади и другите инциденти во земјата. Во меѓувреме, американските разузнавачки служби соопштија дека најновата видео снимка на лидерот на Ал Каеда во Ирак, Абу Мусаб Ал Заркави, веројатно е автентична. Заркави, новата ирачка влада ја нарекува марионетска.

„Оваа демократска игра што ја играат американците во Ирак, откако ветуваа слобода и благосостојба, отиде во ветар. Сега се обидуваат, со сите средства, да ги обединат луѓето кои се предавници да формираат влада за да се извлечат од сериозната ситуација во која упаднаа.“

Заркави најавува и нови терористички напади, кои ќе биле уште пожестоки. Видео пораката на Заркави се појави во Ирак речиси истовремено со телевизиското обраќање на новиот ирачки премиер Џавад Малики, кој најави формирање влада на национално единство.