Техеран: Иран нема да се одкаже од производство на збогатен ураниум

Иран нема да се откаже од прозиводството на збогатен ураниум, повтори портпаролот на министерството за надворешни работи на Иран Хамид Реза Асефи, денеска во Техеран изајвувајќи дека иранските нуклерни активности се неповратен процес без разлика на санкциите. Во меѓувреме, Советот за Безбедност на Обединетите нации го повика Иран да ги прекине контроверзните нуклерни активнсоти до 28 април.