Лондон: Британската кралица го слави 80 роденден

Британската кралица Елизабета Втора по повод 80 роденден добила 20 илјади честитки и 17 илјади меилови, соопшти Бакингемската палата. Таа е монарх со најдолг стаж во Европа, речиси 53 години по смрта на нејзиниот татко Кралот Џорџ. Таа попладнето ќе се прошета надвор од замокот Виндсор во присуство на сопругот принцот Филип и градоначалникот на Лондон.