Рим: Берлускони ги чека официјалните резултати пред да го признае поразот

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони изјави дека ќе почекал на официјалните резултати од парламентарните избори пред да го признае поразот од неговиот ривал Романо Проди. ,,Под услов да нема многу неправилности ние ќе му ја признаеме победата на спротивниот табор,“ изјави Берлускони во Милано по синоќешниот фудбалски меч меѓу Интер и Милан.