Багдад: Убиен лидер на Ал Каеда во Ирак

Американските сили соопштија дека заедно со ирачките, неодамна во близина на Багдад убиле еден милитантен лидер, кој бил поврзан со Ал Каеда. Објавено е и дека воените американски и ирачки патроли во Багдад се зголемени и во нив се вклучени 20 илјади војници, со цел да се спречат меѓу-верските насилства. Инаку, денеска со автомобил бомба била нападната полициската станица во Мосул, при што биле повредени 7 лица.