Москва: Наредната недела состанок во Москва за иранската нуклеарна програма

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека на 18-ти овој месец во Москва ќе се состанат претставници на Русија, Кина, Соединетите Држави и Европската Унија на разговори за иранската нуклеарна програма. Во меѓувреме, во Иран пристигна кинески официјален претставник со цел да се намалат тензиите во врска со нуклеарните активности на Техеран.