Скопје: Едно лице загина во експлозија на бомба

Почина лицето што се здоби со тешки телесни повреди при активирање на експлозивна направа попладнево на паркинг-простор на улицата "Народен фронт", информираат од Клиничкиот центар. Според информациите што ги соопшти Министерството за внатрешни работи, во критичниот период настанала расправија меѓу настраданиот од една и две лица од друга страна, бидејќи им ветил вработување за што им зел и пари. Експлозијата, соопштува МВР, настанала од рачна бомба што настраданиот ја држел во џеб, а другите две лица се пријавиле во полиција и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.