Брисел: Нема напредок во преговорите за косовскиот статус, оценува Марти Ахтисари

Специјалниот пратеник на Обединетите нации на Косово Марти Ахтисари во Брисел го информирал еврокомесарот Хавиер Солана за недостиг на напредок во преговорите за косовскиот статус, соопшти портпаролот на Солана, Кристина Галах. Таа додаде дека Ахтисари најавил дека во текот на идниот месец ќе се одржел уште еден круг разговори по што ќе биде направена проценка за тоа како да продолжи преговарачкиот процес.