Париз: Српската влада наскоро ќе го претстави нејзиниот план за статусот на Косово

Владата на Србија планира наскоро детално да го претстави нејзиниот план за идниот статус на Косово, изјави српскиот премиер Восилав Коштуница по средбата во Париз со францускиот претседател Жак Ширак. Коштуница прецизира дека тој е против независноста на покраината и создавањето нови држави на Балканот.