Вашингтон: Демонстрации за подршка на илегалните имигранти

Десетици илјади луѓе демонстрираа во повеќе градови во Соединетите Држави во знак на подршка на околу 11-те милиони илегални имигранти. Протестите беа насочени и против предлогот на конзервативците во американскиот Конгрес, илегалниот влез во земјата да се смета за криминал. Во петокот Сенатот не постигна согласност за предлогот да им се дозволи на илегалните имигранти да аплицираат за американско државјанство.