Катманду: Судири меѓу опозиционите демонстранти и силите за безбедност

Во главниот град на Непал, Катманду денеска повторно избувнаа судири меѓу демонстрантите и силите за безбедност, јавуваат агенциите, наведувајќи дека тоа се случило и покрај прогласениот полициски час во земјата. Полицијата употребила солзавец и палки за да ги растераат луѓето кои протестирале против владата. Опозицијата најави дека ќе ги продолжи протестите се додека од власт не биде соборен кралот Гијанендра.