Багдад: Средба на шиитските политичари за премиерската номинација

Шиитските политичари во Ирак денеска без да донесат одлука разговараа за номинацијата на Ибрахим Ал Џафари за премиер и најавија повторна средба утре. Ирачките Курди и Суните се спротивставуваат тој да биде премиер и ја обвинуваат неговата влада за зголемувања на насилствата. Во меѓувреме американската војска соопшти дека во акција северно од Багдад, биле убиени осум бунтовника.