Рим: Денеска парламентарни избори

Во Италија 47 милиони регистрирани граѓани избираат меѓу коалицијата на десната левица на актуелниот премиер Силвио Берлускони и коалицијата на левиот центар на поранешниот претседател на Евроската комисија Романо Проди. Последните прогнози му даваат извесна предност на Проди, но постои можност двете коалиции да добијат мнозинство во еден од двата дома на парламентот. Податоците за одзивот ќе бидат соопштени утре по затворањето на избирачките места, а првите официјални резултати се очекуваат утре вечер.