Рафа: Загинаа шест Палестинци во израелски ракетен напад

Шест Палестинци, меѓу кои и дете, загинаа во израелски ракетен напад врз еден автомобил во близина на тренинг камп во Рафа, во појасот Газа. Во нападот загинал командант на Народнио Комитет за отпор, негово дете и 4 милитанти, а беа повредени најмалку 12 лица. Палестинските власти го осудија нападот.