Париз: Стотина лица приведни во демонстрациите

Околу 100 лица биле приведени за време на изминатата ноќ во Париз, по демонстрациите што веќе со недели се одржуваат во Франција против новиот закон за вработување. Францускиот претседател Жак Ширак изјави синоќа дека ќе го потпише контроверзниот закон, но најави амандмани за најспорните членови. Тој вети дека ќе се намали периодот во кој младите вработени би можеле да бидат отпуштени, а работодавачот ќе мора да ги образложи причините за отказот. Синдикатот и студентските лидери го отфрлија предлогот на Ширак и најавија нови протести за во вторник.