Газа: Палестинската влада најави отстранување на вооружените лица од улиците

Палестинската влада, предводена од Хамас, најави отстранување на вооружените лица од улиците на Газа, откако во вчерашните престрелки меѓу ривалски фракции загинаа 3 лица, а 25 беа повредени. Палестинскиот претседател Махмуд Абас ги осуди насилствата, но побара од Западот да не ја прекинува помошта за палестинците.