Вашингтон: САД и Канада ги прекинаа контактите со палестинската влада предводена од Хамас

Нова палестинска влада, предводена од Хамас, се соочува со се поголема меѓународна изолација. Соединетите Држави им наредија на своите дипломати да не контактираат со палестинските министри. Претсдателот Џорџ Буш изјави дека Соединетите Држави ќе му помагаат на палестинскиот народ преку хуманитарна помош, но додаде оти Вашингтон нема да ја финансира владата на Хамас, кој се залага за деструкција на Израел. Канада исто така ги прекина контактите и финансиската помош за палестинската влада.