Киев: Разговори на Јушченко со победничките партии за формирање Влада

Украинскиот претседател Виктор Јушченко денеска ќе одржи консултации со лидерите на партиите кои освоија пратенички места на неделните парламентарни избори. Во водство е про-руската партија на Виктор Јануковиќ, а потоа следи блокот на Јулија Тимошенко која го повика претседателот да ја именува за мандатар на новата либерална коалиција за да ги задржи партиите подржани од Москва надвор од Владата. На трето место е партијата подржана од претседателот Јушченко и се очекува блокот кој ја понесе Портокаловата револуција да формира влада.