Тел Авив: Предвремени парламентарни избори во Израел

Со засилени мерки за безбедност денеска во Израел се одржуваат предвремени парламентарни избори на кои 4,5 милиони гласачи бираат 120 члена на Кнесетот. Фаворит е Кадима формирана од хоспитализираниот премиер Ариел Шарон , а по неа се Лабуристите и десничарската Ликуд. Изборите во одредена смисла се референдум за планот на Шарон за натамошно повлекување од Западниот Брег и воспоставување трајни граници на Израел.