Киев: Партијата на Јанукович освоила најмногу гласови на изборите

Според анкетите од гласачките места, на вчерашните парламентарни избори во Украина, најмногу гласови, околу 31 насто, добила опозиционата про-руска партија на Виктор Јануковиќ, на второ место, со околу 24 насто, е политичкиот блок на чело со екс премиерката Јулија Тимошенко, а на трето, партијата Наша Украина на претседателот Виктор Јушченко со 15 насто. Прелиминарните официјални резултати се очекуваат утре. Бившите партнери од Портокаловата револуција, Тимошенко и Јушченко, изразија готовност за формирање коалициона влада.