Минск: Најмалку три лица повредени, а стотици уапсени во протестите против Лукашенко

Најмалку три лица се повредени а стотици уапсени вчера во Минск откако белоруската полиција ги нападна приврзаниците на опозицијата кои протестираа против резултатите од претседателскирте избори кои се одржаа минатата недела и на кои по трет пат победи Александар Лукашенкo. Меѓу уапсените е и кандидатот на опозицијата Александар Козулин,а неговите подржувачи и родните сеуште не знаат каде и не можат да стапат во контакт со него - јавуваат агенциите. Министерот за внатрешни работи на Белорусија Владимир Наумов изјави дека полицијата го стопирала протестот бидејќи постоела опасност од државен удар. Официјални лица од Австрија, земјата која во моментов претседава со Евроспката унија го нарекоа насилтвото ужасно.