Џакарта: Едногодишно бебе и жена починале од птичји грип

Едногодишно бебе од Џакарта починало од птичји грип, а од ова заболување умрела и една жена во Шангај, соопштија денеска властите во Индонезија и во Кина. Анализата на нивната крв покажала дека имало присуство на смртоносниот вирус Ха пет Ен еден. Според Светскатата здравствена организација од појавата на птичјит грип пред три години досега во Азија умреле најмалку сто и пет луѓе.