Багдад: Најмалку седуммина загинати во денешните инциденти

Најмалку 7-мина ирачани загинале во денешните инциденти во Багдад. Вооружени лица нападнале една пекарница во јужниот дел од градот, при што убиле 4-ца работници. Во другите два одвоени напада, загинале 3-ца ирачки полицајци. Во близина на Басра, еден дански војник загинал, а уште еден бил ранет, кога врз нивното возило била фрлена бомба.