Багдад: Ослободени тројца странци кои четири месеци беа во заложништво

Денеска во Багдад беа ослободени тројца странски државјани кои четири месеци беа во заложништво, јавуваат агенциите. Станува збор за двајца канаѓани и еден британец. Инаку, во денешните два самоубиствени напада со автомобили бомби во Багдад загинале петнаесетина луѓе, додека над триесет биле повредени. Повеќето од жртвите биле полицајци.