Минск: Денеска претседателски избори

Во Белорусија денеска се одржуваат претседателските избори. Гласачките места се отворени во 8 часот утринава. Според центарлната изборна комисја во првите три часа излегле околу 40 отсо од регистрираните гласачи. Александар Лукашенко кој е на власт 12 години се бори за трет мандат против двајцата кандиати од опозицијата. Главниот опозициски кандидат Александар Милинкиевик предупреди дека изборите ке бидат фалсификат и ги повика подржувачите да излезат на улиците по затворањето на гласачките места. Лукашенко изјави дека нема да има револуција во Белорусија, а безбедностна служба КГБ предупреди дека секој демонстарнт може да биде обвинет за тероризам. Вчера високиот преставник на Европската унија за надворешна политика Хавиер Солана рече дека насилтвото против мирните протести ке се соочи со силна реакција на меѓународната заедница.