Багдад: Најголема американска операција во Ирак против Ал Каеда

Шефот на централната американска команда генерал Џон Абизајд денеска изјави дека најновата офанзива во Ирак била покрената против Ал Каида. Во големата операција на американските и ирачките сили учествуваат повеќе од илјада и петстотини војници и двесте оклопни возила, а главна цел е зоната околу градот Самара.