Хаг: Денеска конечен одговор за причините за смртта на Милошевиќ

Денеска во Хаг ќе биде објавен одговорот на прашањето: што го предизвика срцевиот удар од кој почина поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ. Имено, Хашкиот трибунал би требало да ги објави резулатите од токсиколошкиот тест за смртта на Милошевиќ. Неговите приврзаници изразија сомневања дека Милошевиќ во затворот бил труен со погрешни лекови. Во меѓувреме, во Белград и денеска е изложено телото на Милошевиќ пред утрешниот погреб во неговиот роден град Пожаревац.