Тирана: Нема промена во наворешната политика на владата

Шефот на албанската дипломатија Бесник Мустафај синоќа пред парламентот во Тирана изјави дека нема промена на надворешната политика на владата спрема Косово, јави албанската новинска агенција АТА. Претходно Мустафај рече дека неговата изјава оти Тирана не може да гарантира неменливост на границите во регионот доколку дојде до поделба на Косово, била непрецизно преведена во македонските медиуми.