Техеран: Иран може да биде најголем американски предизвик

Иран може да преставува најголем американски предизвик, се вели во извештајот за национална безбедност на претседателот Џорџ Буш. Во него земјите како Иран, Северна Кореја, Сирија, Куба и Белорусија се означени како тирании и се предупредува дека тие кои побаруваат оружје за масовно уништување се закана за американските ебзбедносни интереси. Претседателот Буш во извештајот од 49 страници ја реафирмира политиката удри прв или превентивната политика која прв пат излезе на виделина во 2002 година. Во документот, како и да е, се наведува дека дипллматијата останува американска преференца во спречувањето на ширењето на оружјето за масовно уништување.